(ВИДЕО) Герашченко: Во Русија почна граѓанска војна!

580

На социјалните мрежи се појавија снимки од наводен вооружен конфликт меѓу припадниците на Вагнер и руските безбедносни сили во околината на Воронеж.

 

Борците на Вагнер во Воронеж, наводно, ја преземаат контролата над сите воени објекти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од руските безбедносни сили.

Има информации и дека е погоден воен конвој во близина на овој град, но засега се е на ниво на гласини.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, ја објави објавата на Вагнер на Телеграм.

„Во Воронеж беше нападнат конвој на Вагнер. Истото го прави и авијацијата. Граѓанската војна официјално започна“, напиша тој.

Воронеж се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.

Претходно, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, објави дека неговата приватна војска ја презела контролата врз Ростов на Дон.