Еј Џонсон бил фотографиран во минијатурно здолниште и кратка топ маица, како шета со своите пријатели во Њујорк.
Синот на прославениот американски кошаркар Меџик Џонсон, кој што ова лето уживаше на одмор во Хрватска, 28-годишниот Еј Џонсон, бил снимен во едно од своите „контроверзни“ изданија, додека шета по улиците на Њујорк.
Имено, Еј овие денови прошетал во минијатурно здолниште и бела топ маица, па го открил своето торзо, а целата комбинација ја зачинил со очила за сонце и дизајнерска чанта.

Ова не е првпат младото момче да привлече внимание со својот стил затоа што често можеме да го видиме како носи фустани и здолништа.
„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Секогаш зборував дека доколку некој се чувствува добро во своето тело, треба нешто да преземе во врска со тоа. Чувствувам дека ова е телото во кое што треба да бидам.

Не чувствувам потреба за промена. Сигурен сум во тоа што го сакам. Се чувствувам удобно во својата кожа и си го сакам моето тело“ – изјавил ЕЈ во некое интервју за „E!Neew“.
Тој вели дека сака да си поигрува со модата затоа што токму таа му дозволува да ја покаже својата машка, но и женска страна од која што не се срами.
„Можам да бидам мажествен, но и женствен. Можам да правам што и да посакам и да успеам во тоа. Доколку сакам да носам фустан, тоа и го правам. Но, не сакам да го правам постојано тоа“ – заклучил тој.














![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











