Токио ги украси своите паркови со разнобојни јавни тоалети кои се целосно проѕирни. Тоалетите се дизајнирани од јапонскиот архитект Сигеру Бан и се поставени во паркот Хару-но-Огава, во квартот Сибуја во Токио.
Нивните ѕидови стануваат непроѕирни веднаш штом ќе се заклучат одвнатре. За ваквиот потег на градските власти жестоко се дебатира на социјалните мрежи во Јапонија.
Според непрофитната организација „Нипон Фондација“, која стои зад проектот, проѕирните тоалети решаваат два проблема кои ги спречуваат луѓето да користат јавни тоалети, однадвор може да се види дали има некого во тоалетот и дали тој е чист.