ВИДЕО: Циркус во Бугарија – хулиган сакаше да се пресмета со фудбалер, па пропадна во тунелот

168

Фудбалерите на Лудогорец во дербито од бугарскиот шампионат го победија тимот на Левски со 2:0, а мечот го одбележа жесток инцидент кој се случи во самиот финиш од средбата.

Фудбалерот на Лудогорец, Кузман Моци, постигна гол од белата точка за 2:0, па замина на трибини да го прослави пред очите на противничката екипа Левски.

Тоа беше сфатено како провокација и ги разбесни навивачите.

Следуваше хаос, Хулиганите се обидоа да влетаат на терен за да се пресметаат со стрелецот на голот, еден од нив дури се качи и на трибинскиот тунел, на кој по неколку секунди пропадна, па си го доби заслуженото од полицијата.

loading...