Славица Заева, сопругата на Вице Заев не ретко објавува фотографии од својот семеен дом на нејзините профили на социјалните мрежи. Таа е многу активна, а секоја нејзина објава привлекува големо внимание кај нејзините пријатели и следбеници.
Така беше и овој пат кога Заева покажа каков подарок добила за најромантичниот празник во годината.
Станува збор за преубав букет цвеќе, а на оние што ја следат на Инстаграм знаат колку таа обожува цвеќиња.
Имено, госпоѓата Заева неодамна ги воодушеви пријателите на социјалните мрежи кога во рамките на своите „Инстаграм приказни“ објави неколку фотографии со кои покажа дека има преубави цвеќиња благодарение на кои нејзиниот топол дом изгледа како мало парче од рајот.