Весна Бејби по изјавата на сопственикот на “Дурмо турс”: “Стави го на клада шоферот за ти да си ја спасиш фирмата… Неверојатно!”

1500

Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласила на својот Фејсбук профил по изјавата на сопственикот на “Дурмо Турс”, Дурмиш Белули, кој вели дека автобусот бил во исправна состојба, но возачот на автобусот ја изгубил контролата.

“Излезе газдана на Дурмо турс и си кажа дека шоферот е крив, секако после техничкиот преглед направен од неговата фирма …Како бе така? Стави го на клада, ти важно да си ја спасиш фирмата….Неверојатно!!! На 20 годишно девојче ампутирана и е нога ….една од преживеаните…”, напишала Бејби на нејзиниот Фејсбук профил.