Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.
– С.И. е пронајден околу 6:15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши одбукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот, вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.
Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















