Велковски чувствува болки во мускулот, нема да настапи против Романија

672

Продолжуваат проблемите за селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред почетокот на мундијалските квалификации. Македонија вечерва ќе настапи без Дарко Велковски во одбраната.

Имено, по синоќешниот тренинг во Букурешт, фудбалерот на Ријека отпадна од комбинација за настап на вечерашниот натпревар против Романија. Велковски се пожалил на болки во бутниот мускул и веројатно нема да се ризикува со него на дуелот со Романија. Целта е дефанзивецот да заздрави за претстојните натпревари против Лихтенштајн и против Германија.

Игор Ангеловски ги има на располагање Висар Муслиу, Кире Ристевски и Егзон Бејтулаи во последната линија.

Натпреварот Романија – Македонија се игра вечерва од 20:45 часот во Букурешт.