Славниот готвач открива трик за совршена кајгана: „Ќе биде мека и вкусна ако додадете една тајна состојка“

434

Тој тврди дека текстурата на ова јадење ќе биде многу поразлична и попријатна за нашите непца.

Некои преферираат да ја подготвуваат кајганата во тава, некои во тенџере, а некои се колнат дека овој оброк подготвен во микробранова печка е најубавото нешто кое што некогаш ќе го пробате.

Светскиот познат готвач Гордон Ремзи открил дека кајганата не треба никогаш да ја подготвувате на висока температура, за јајцата да не изгледаат како „гума“ додека ги јадете.

Неговиот колега, исто така славен готвач – Олтон Браун, споделил уште една тајна за подготовка на најубавата кајгана на светот, со додавање на една тајна состојка која што на ова јадење ќе му даде уште „посвиленкаста“ текстура.

Станува збор за мајонез.

„Пред да почнете да ги матите јајцата, додадете една лажица обична вода и една супена лажица мајонез во нив“, советува Браун.

„Мајонезот е емулзија која што добро ќе ги поврзе јајцата и ќе им даде поубава структура, а нема да го смени нивниот вкус“, додава тој.

Понатамошната постапка за правење кајгана ја знаете, кога ќе ги изматите јајцата, водата и мајонезот, додадете и малку сол, па ставете ја смесата на загреана тава во која што претходно сте ставиле масло за јадење и пржете на средна температура.

Пријатно јадење!