Ѓоковиќ објави фотографија од тренинг терените во Мелбурн и напиша: Ви благодарам на сите

201

Откако судот во Австралија донесе пресуда во корист на Новак Ѓоковиќ со која е поништена одлуката за депортирање и дозволено му е да остане во земјата, Ѓоковиќ објави фотографија од тренинг терените во Мелбурн со која се заблагодари за огромната поддршка.

„Благодарен сум на судијата што донесе пресуда да ми се врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случуваше во изминатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тенисот. Допатував тука за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мој најуспешен. Во моментов толку можам да напишам, и секако едно големо БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми пружија поддршка и сила и ме охрабруваа да останам присебен и јак.“, напиша Ѓоковиќ.