„Велат дека повеќе нема надеж“: Семејството на славниот актер одлучува дали ќе го исклучи од апарати

438

Том Сајзмор (61) беше итно хоспитализиран пред повеќе од една недела, откако претрпел мозочна аневризма во својот дом.

Бидејќи докторите задолжени за неговото закрепнување рекле дека нема надеж, семејството на актерот моментално одлучува дали да го исклучи од апаратите кои го одржуваат Том во живот.

 

„Денеска лекарите го известија неговото семејство дека повеќе нема надеж. Семејството сега одлучува за крај на неговиот живот, а понатамошното соопштение ќе биде објавено во среда. Ве молиме за приватност за членовите на неговото семејство во овој тежок момент кои сакаат да им се заблагодарат на сите на пораките за поддршка и молитвите кои ги примија. Ова беше тешко време за нив“, се огласи во понеделникот менаџерот на Том, Чарлс Лаго, во соопштението кое го објави „CNN“.

Имено, Сајзмор во неделата, на 19-ти февруари, доживеа мозочна аневризма поради која, во критична состојба, бил веднаш хоспитализиран.

„Од тој ден Том е во критична состојба, во кома и на интензивна нега“, истакнал неговиот менаџер.

 

 

 

Лаго претходно проговори веднаш по болеста на актерот, откривајќи што се случило со ѕвездата на „Saving Private Ryan“ и „Black Hawk Down“, но беше оптимист за неговото закрепнување и откри дека семејството се надева на најдоброто.

„Неговото семејство е свесно за ситуацијата и се надеваат на најдоброто. Сè уште е рано да се знае дали ќе закрепне бидејќи е во критична состојба под опсервација“, изјави тогаш Лаго.