Два куршума во глава: Нова жртва на серијата атентати на влијателни жени во Ирак

1233

Инстаграм ѕвездата од Ирак, Тара Фарис, била убиена во Багдад кога непознато лице пукало во неа додека била во својот спортски автомобил, а локалните медиуми веќе го поставуваат прашањето кој го убива моќните Ирачанки со оглед на тоа дека ова не е прв случај во последните неколку дена.

Потекнува од мешан брак – татко и е од Ирак, а мајка и е Либанка.

Родена е во 1998. година, а популарноста најпрво ја стекнала на изборот за Мис во 2015. година.

После тоа се преселила во Европа, каде што живеела некое време,, а потоа се вратила назад во Ирак.

Нејзиното убиство е последно во низата атентати на познати жени во Ирак, а некои медиуми наведуваат дека зад ова убиство би можеле да стојат религиски екстремисти.

View this post on Instagram

Some sushi ? ?

A post shared by Tara Fares | تاره فارس (@its.tarafares) on

На почетокот на оваа недела во градот Басра во Ирак убиена била и активистка која учествувала во организирање на протести, исто така од огнено оружје, додека влегувала во својот автомобил пред еден супермаркет.

Во август под многу сомнителни околности биле пронајдени мртви две сопственички на салон за убавина.