Ванда Нара на Ибица го продава Икарди во Јувентус

213

Агентката и сопруга на Мауро Икарди, Ванда Нара на Ибица каде што парот е на одмор имала состанок со директорот на Јувентус, Фабио Патричи. Се преговарало за трансферот на Аргентинецот во италијанскиот шампион за сума од околу 60 милиони евра.

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте сака да го продаде Икарди и со парите од тој трансфер да го доведе во клубот, Ромелу Лукаку. Конте веќе го информирал Икарди дека не е во неговите планови за следната сезона.

Новиот тренер на Јувентус пак, Маурисио Сари го сака Икарди во неговиот тим. Аргентинскиот фудбалер е пик на Сари уште од перидот кога беше тренер на Наполи.