Ава Карабатиќ постави нов предизвик: „Покажи ги градите“, а овие македонски фолкерки го прифатија (ФОТО)

180

Коронакриза, карантин и нови предизвици на социјалните мрежи… Животот во изолација и онака е предизвик самиот по себе, па уште ако во напливот на лоши вести со кои сме бомбардирани од она што ни се случува во реалноста не се погрижиме да си најдеме мала оддишка на умот, мала забава и опуштање на душата… не ќе издржиме долго!

Затоа, социјалните мрежи се идеално место каде покрај се’ што ќе прочитате, можете и самите нешто да напишете или споделите, да измислите некаков свој нов предизвик или да го прифатите туѓиот, да најдете некаков онлајн начин на забава со пријател(к)ите…

Така од мноштвото секојдневни преддизвици, се појави и оној најновиот, кој се чини прва во регионот го лансираше хрватската старлета и ријалити водителка, Ава Карабатиќ. Таа ја отвори серијата споделување летни фотографии наречена „Покажи ги градите“.

И Ава прва ги покажа… До душа не само во бикини, туку сподели и серија најнови фотографии сликани помеѓу 4 ѕида.

Само што старлетата е доволно лукава и своите разголени фотки знае како да ги уновчи, па ги продаваше на една страница за возрасни на Интернет.

Македонската естрада, особено фолк дамите некако по истиот терк, тргнаа да го прифаќаат предизвикот на Ава или пак нивниот случајно се поклопи со нејзиниот, да споделуваат подразголени фотогарафии… Се разбира нивните далеку попристојни, најчесто од нивните летни одмори, од плажа во бикини.

И не дека до сега не сме ги виделе како изгледаат во костим за капење или секси долна облека, ама сепак, македонскиот секси фолк квартет: Сања Сани Гроздановска, Тања Јовановска Трајкова, Ирена Вељовска и Адријана Кеш, го прифатија предизвикот да споделат фотографии во бикини… А со тоа на некој начин и да одговорат на предизвикот на Ава: „Покажи ги градите“, па и повеќе од тоа… Секако, да може да се гледа, а ништо да не се види!

Нивниот предизвик за нас предизвик плус, нашите читатели да ги потсетиме на избор од некои од нивните објавени најсекси фотки… Од плажа, фестивалска сцена, кафеана, дневната или хотелската соба:

-Сања Сани Гроздановска

-Тања Јовановска Трајкова

 

-Адриана Кеш

 

-Ирена Вељоска