Испораката на вакцини, кои Србија требаше да ги донира на Македонија во четврток, е одложена за неколку дена, соопштија од македонската Влада и Службата за соработка со медиуми на претседателот Вучиќ.
Од Владата, пред полноќ, соопштија дека, поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот се одложува за друг датум следните денови.
Од Кабинетот на Вучиќ дадоа слично соопштение, дека донирањето на вакцините е одложено „поради неопходност за набавка на дополнителна техничка документација, а вакцините ќе и бидат предадени на Македонија во наредните денови“.
Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на граничниот премин Табановце ќе му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија и ги донира на Македонија.
Станува збор за првата пратка од вкупно 8.000 вакцини на „Фајзер“.
















![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)














