Славната пејачка, танчерка и глумица Џенифер Лопез помеѓу сè позната е и по својот беспрекорен стил.
Во текот на својата долгогодишна кариера имала бројни незаборавни модни моменти, од кои можеби најпознат е оној од доделувањето на наградите Греми во 2000 година кога на црвениот тепих се појави во сега веќе легендарната Версаче тоалета со деколте до папокот.
А, сега конечно и сосема заслужено ќе се закити со признание за својот стил. Имено, Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) најави дека Лопез оваа година ќе ја прими наградата за модна икона.
“Стилот на Џенифер Лопез е одважен, неограничен и секогаш значаен. Дизајнерите ја обожуваат и со голема чест ја облекуваат за настапи и приватни моменти”, рекол претседателот Стивен Колб.
И славната дизајнерка Дајен Вон Фурстенберг, која е членка на истиот моден совет, образложи зошто овој пат титулата ќе заврши во рацете на Џеј Ло.
“Џенифер Лопез со својата облека секогаш покажува самодоверба и моќ”, искоментира дизајнерката.
Свеченото доделување ќе се одржи на 3 јуни во Њујорк, а како овогодинешна модна икона, на Џенифер Лопез ќе ѝ се придружат Наоми Кемпбел, Ријана и Бијонсе кои и претходно биле добитнички на оваа награда.