Антикорупциска нема да ја санкционира Нина Ангеловска за повлекувањето пари од Еуростандард банка

533

Откако бил разгледан предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката, Антикорупциска комисија нема да ја санкционира Ангеловска.

Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска препорача да се доуреди меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансии и останатите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира судирот на интерес.

Според Ивановска, министерката за финансии Нина Ангеловска имала можност да ги дознае податоците во врска со банката каде што била клиент. Тоа значи дека информациите можеби влијаеле врз носењето на одлуката поврзана со депозитот во банката кој таа го повлекла.

Претседателката на Антикорупциска комисија порача дека тие не покренуваат санкција, но го нагласи етичкото прашање во целиот случај.

Од Антикорупциска комисија открија дека биле одржани два состаноци на Комитетот за финансиска стабилност на 19-ти март и на 30-ти април, но записниците не упатувале кон тоа дека се разговарало за Еуростандард банка на која Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на 12-ти август.