Вака звучи Лила кога ќе ја грицнат при бакнување: Кога газдарицата ти е неодоливо привлечна, а ти имаш машки потреби… во февруари! (ВИДЕО)

36

Лила Филиповска јавно покажа дека има потреба да сподели љубов со некого… Такви се времињата, а и водителката. Она што го носи во себе, отсекогаш сакала како емпатија и емоција да го подели со оној кого го сака, љуби, милува… Или барем со оној што прв ќе и се најде при рака.

Неретко, најблизу до неа, барем кога е дома е нејзиниот четвороножен, влакнест, црно-бел куќен миленик… Нејзиниот мачор Рагнар!

А мачор како мачор и тој има потреба постојано да се гали и умилкува. На мачките таков им е табиетот, само што во одредени месеци имаат и поинакви потреби.

Како на пример во февруари… Месец кога на мачката и се пари! Тоа и е во генот, во природата…

Февруари е, а Рагнар покрај себе ја нема онаа-вистинската… Па, во недостаток на влакнеста убавица, реши да ја грицне сопствената газдарица.

Веројатно газдарицата на Рагнар му се виде неодоливо привлечна, па „љубовниот бакнеж“ кој Лила го очекуваше од мачето, заврши со гризнување за обравчето!

И ако до сега не сте знаеле, за да не бидете во неизвесност и очекување, веднаш погледнете во видеото и дознајте, како изгледа и звучи, кога Лила ќе ја грицнат на бакнување:

View this post on Instagram

🥰🥰🥰 ❤️ Ragnar ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on