Оние дами кои немаат јавна професија (водителка, актерка, пејачка, манекенка…), а се познати и популарни во јавноста обично ги нарекуваат старлети. Ана Стојанова не е старлета, иако е една од оние кои „преку ноќ“ станаа популарни и познати, а славата ја стекна онлајн – преку социјалните мрежи.

Позната по својата упорност и истрајност, оваа фитнес инструкторка на жените им го доближи начинот на водење здрав живот и одржување на витката линија и формата… Или поточно, им ги донесе дома.

Патем, мажите ништо помалку „не киснат“ на нејзиниот Инстаграм профил кој изобилува со сексапил, зашто атрактивната фитнес инструкторка поседува тело за медал и облини за епитети кои ги красат и најпознатите старлети.

Корона пандемијата сите нас па и Ана ја спречи да биде активна онака како што таа знае, умее и посакува, но не ја запре и понатаму упорно да атакува на подобрувањето на својот изглед и свежина. Понекогаш неочекуваното дава дури и подобри резултати, а тоа инструктрокта отпосле го сфати, дури откако констатираше дека тренинзите и вежбањето по дома во време на корона изненадувачки и прија.

Така изненадена од самата себе, сексапилната фитнес инструкторка својата „детска радост“ ја сподели на својот Инстаграм. Како и многупати претходно и овој пат атрактивната убавица се разголе во танга бикини со леопардов принт, па во спринт побрза да ја сподели среќата со своите следбеници на местото кое и донесе популарност и слава – социјалните мрежи!

„Да ми кажеше некој дека ДОМА не само што ќе ја одржам туку и подобрам формата од лани… Стварно ќе го направев луд!
Јавна тајна е дека сум ЗА теретана и сметам дека таму се гледаат вистинските резултати… ама чуда се случуваат.
Успеав да ја променам формата на телото со редовни и кратки тренинзи(мах 30 мин) од ДОМА, на кои докторирав за време Корона, а за тоа најголем доказ е летниот предизвик.
Женски, останете така добри… ви спремам многу работи за од есен. Убав почеток на неделата, спремете се за бикини слики од мене неделава, ако?! Сакањеееее!“ – напиша Ана Стојанова покрај споделените фотографии, со ветување дека деновиве следуваат и нови.

А, додека ги чекаме новите слики, Ана на жените им постави летен предизвик да се обидат го повторат нејзиниот „докторат“, па да ги елиминираат салото, целулитот и стриите, а мажите… да „докторираат“ на фотографиите на секси инструкторката во танга бикини, а можеби потоа и на (оние) на нивните понежни половини!









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











