Вработување во Австрија во 2020: Објавен детален список со 54 занимања за кои ќе се бараат работници од странство

644

Во Австрија и следната година ќе постои недостаток на квалификувани работници – ако барате работа во земјата ќе може да аплицирате на дури 54 дефицитарни занимања!

Австриското министерство за труд и социјални прашања изготви список за вработување на квалификувани работници од странство, т.е. нацрт Уредба за најбарани професии за 2020-та година (Fachkräfteverordnung 2020) со која се дефинира побарувачката на работници во одделните занимања и можноста за вработување на странски квалификувани работници.

Оваа уредба важи и за државјаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија кои имаат завршено образование во областа на дефицитарните професии и сакаат да најдат работа во Австрија.

Списокот стапува на сила од 1. јануари 2020 година, но предтоа треба да биде одобрена од државниот парламент, за потоа да бидат објавени информации во врска со условите кои се потребни за добивање на работна дозвола.

Според објавениот список, во Австрија постои голема побарувачка за дури 54 професии, а меѓу нив се медицински сестри, готвачи, машиновозачи, сметководители, ѕидари, столари, керамичари, паркетари и други.

Инаку, во Австрија секоја година, врз основа на потребите на пазарот на трудот, се објавува список на дефицитарни занимања што може да биде олеснувачки фактор за странските работници кои аплицираат за “Rot-Weiß-Rot“ картичка.

Вака изгледа прелиминарниот список на дефицитарни занимања во Австрија за 2020 година: Конструктори на земјоделски машини, Машински техничари – инженери, Електротехничари – инженери за енергетика (висока струја), Електротехничари, ИТ инженери, Стругари/Токари, Изолатори, Металостругачи, Заварувачи, Машински техничари, Електроинсталатери и електромонтери, Техничари за разни области, Бравари, Автомеханичари, Кровопокривачи, Градежни столари, Калкуланти, Бетонци, Инсталатери и монтери на цевки, Колари, Лимари, Машиновозачи, Лакери, Тесари, Електротехничари за електромеханика, Керамичари, Оптичари, Дипломирани медицински сестри/техничари, Автолимари за каросерија и ладилник, Терацери, Алатничари, Машинобравари, Градежни инженери, Градежни бравари, Други техничари, Трговци и продавачи на производи од железо и метал, машини и уреди за домаќинство, Економисти за пресметка на плати – сметководители, Готвачи, Столари за градежна столарија и мебел, Техничари – Инженери за организирање на работа и индустриски менаџмент, Останати машински механичари, Подополагачи (за ламинат), Пластичари, ИТ Техничари, Машински обработувачи на дрво, Градежни лимари, Техничари за организирање на работа и индустриски менаџмент, Хемиски техничари, Инженери, Електротехничари за електромеханика, Здравствени занимања-техничари, Електромеханичари, Градинари, Ѕидари и Градежни техничари.