Утре во Скопје ќе се прска против комарци

85

Град Скопје утре во раните утрински часов ќе изврши авионско прскање против ларви од комарци и апелира до пчеларите навреме да ги заштитат пчелите.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден, вторник на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција (втора фаза) ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, aпелира Градот.