Жестоки критики на сметка на Погба: Ужасен, себичен, незаинтересиран, не доби ниту еден дуел

90

Формата на Пол Погба оваа сезона доста осцилира во дресот на Манчестер Јунајтед. Токму кога ќе блесне на еден, го снемува на следниот натпревар, а најсликовит пример за ваквата осцилација се последните два меча.

За викендот Французинот шутна два пенали и им донесе на „Црвените ѓаволи“ важна победа против Вест Хем, но потоа на „Камп Ноу“ беше буквално невидлив. Рака на срце, на култниот стадион ретко кој во последната деценија се изнаиграл фудбал, особено против вака моќна Барселона, но најскапото засилување во историјата на клубот мораше подобро.

За тоа како играше сведочи фактот дека не доби ниту еден дуел на средината од теренот. А тоа е работа која еден играч за врска мора да ја прави. Фрустрациите беа толку очигледно што во една ситуација се обиде во ист напад двапати да го собори на земја Бразилецот Артур – и не успеа.

Затоа се соочи со критики.

Погба повторно игра како и пред да дојде Оле Гунар Солскјер. Беше ужасен против Барселона. Ја врти топката, игра за себе, на никого не му додава, делува незаинтересирано“, вели Гери Невил, некогашниот ас на Манчестер Јунајтед.

„А станува збор за врвен играч. Всушност, може да биде врвен играч, само ако се фоксуира на теренот“.

Секако, Манчестер не е елиминиран само поради Пол Погба. Всушност, поранешниот првотимец на Јувентус создаде две идеални шанси за своите соиграчи, два зицери кои мораа да бидат претворени во голови, меѓутоа, впечатокот е дека англискиот великан не може се уште да се носи со големите екипи како Барселона и дека му е потребно засилување на екипата во преодниот рок.

Мора клубот од Олд Трафорд да доведе засилувања во текот на летото. Пред се стопер, како и едно крило, тоа е задолжително. Инаку, Манчестер има голем потенцијал, но изборот на летни засилувања мора да биде совршен“, смета Овен Харгривс, некогашниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Манчестер Јунајтед.

loading...