Луксузните хотели ги премолчувале сексуалните напади во своите објекти: По силувањата, на жртвите на Јамајка им плаќале да молчат

941

Бројни популарни ресорти на плажите на Јамајка ги прикривале наводните сексуални напади, а потоа на жртвите им давале пари во замена за молчење, покажала најновата истрага.

Извештајот на “Detroit Free Press” наведува дека сексуалните напади на туристи се долгогодишен проблем на Јамајка, а просечно еден Американец е силуван за еден месец”, пренесува “CBS News”.

Треса Балдас, која правела истрага во ресортите, рекла дека разговарала со жртвите од повеќе одморалишта и дека наводите за нападите различно се обработувале за секој од нив.

“Некои од оморалиштата им давале на гостите да потпишат договори за молчење, а потоа и го рефундирале одморот. Некои пак ги игнорирале жртвите и нивните пријави и заборавиле на нив. Имало и такви кои им одговарале на жртвите по одењето во полицијата”, рекла таа.

Меѓу нив е и случајот на силување на 18-годишно девојче, кое било силувано во одморалиштето Сандал Резрот. Таа наводно примила 25.000 долари од хотелот, а семејството потпишало документ дека ќе молчи за инцидентот.

Хотелот ова го демантирал и истакнал дека ништо не им поважно до безбедноста на гостите.

Друг инцидент се однесува на жена од Њу Џерси, која поднела тужба од 30 милиони долари поради сексуален напад во 2016-та година во одморалиштето Сандал на Бахамите.

Како што пренесува “New York Post”, таа тврди дека батлерот влегол во нејзиниот апартман додека спиела и ја силувал, додека нејзиниот сопруг бил во бањата. Парот таму бил на меден месец.

Балдас рекла дека жртвите, од кои повеќето се многу млади жени, и натаму се борат со трауматичното искуство.

Истрагата била отворена откако уште две жени од Детроит тврделе дека се силувани оваа есен на Јамајка.