„Неговото доаѓање беше шеќер на крајот на нашиот посебен ден“, изјавила девојката по изненадувањето кое им го приредил актерот.
Славниот актер Том Хенкс (65) минатиот викенд, како непоканет гостин се појавил на венчавката на новиот брачен пар – девојки кои го изговориле судбоносното „да“.
Имено, Том Хенкс во текот на викендот престојувал во Санта Моника, а на една од тамошните плажи се одвивала свадбена церемонија.
Откако ги размениле брачните завети, Том одлучил да ги изненади и заедно со нив да се фотографира.
„Мислам дека е сигурно дека нашата венчавка ќе се памети. Најдобриот ден во мојот живот се претвори во најдобриот спомен од животот. Благодарам Том Хенкс, што го „зачинивте“ нашиот прекрасен и неверојатен ден“, напишала Ташила во објавата на Инстаграм.
Оваа штотуку венчана девојка била повикана да се вклучи во емисијата „Today Show“ каде ја прокоментирала целата ситуација.
„Неговото доаѓање беше шеќер на крајот од нашиот посебен ден“, изјавила Фарис во емисијата.
Инаку, ова не е прва венчавка на која Хенкс се појавил како непоканет гостин.
Тој во 2016 година „влетал“ на венчавка во њујоршки Централ Парк, а потоа учествувал и на свадбена церемонија на младенците Елизабет и Рајан.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


