Уште една позната странска пејачка дојде кај Дарко Димитров за нова музика

1069

Македонскиот мајстор за уметничко дело, композиторот Дарко Димитров познат по многубројните хитови на дел од ѕвездите на српската естрада, овојпат на негова адреса се најде и уште една позната ѕвезда која му ја укажа довербата на Димитров за нов хит.

Сега станува збор за Илма Карахмет која публиката ја памети по нејзиното учество во „Х фактор“. Дарко на својот „Инстаграм“ објави фотографија од студиото заедно со Илма, а во описот напиша „нова музика“.

Тамара Тодевска, Лина Пејовска, Наташа Беквалац, Емина Јаховиќ, Анастасија Ражнатовиќ, Луна Ѓогани досега беа во студиото на Дарко каде се „крчкаше“ нов хит.