Уште еден мигрантски караван со околу 4.500 луѓе се упатува кон Мексико

310

Група од повеќе илјади луѓе од Централна Америка во Гватамела се упатиле кон мексиканската граница, додека поголем мигрантски караван застана во јужно Мексико на својот планиран пат кон границата на САД.

Околу 4.500 луѓе

Караваните кои повеќето го сочинуваат луѓе од Хондурас бегајќи од сиромаштијата во својата земја, моментално се наоѓаат во градот Хукстл во сојузната држава Чиапас околу 50 километри северно од границата со Гватамела и околу 1.800 километри оддалечена од САД.

Мексиканската влада во вторникот рече дека примила 1.699 барања за статус на бегалците, вклучувајќи и деца. Владата проценува дека во мигрантската група има околу 4.500 луѓе.

Во соседна Гватемала друга група има најмалку 1.000 мигранти, повеќемината од Хондурас, која се упатила пешки од градот Чиким кон истокот на земјата, рекол сведок за Ројтерс.

“Знаеме дека ова нема да заврши за неколку дена, ќе биде тоа долгорочен процес”, рекол Мауро Верзелети, шефот на Casa del Migrante, засолништето за мигранти во Сиудад де Гватамела.