Реал донесе конечна одлука за Лука Модриќ!

1004

Една од најголемите приказни минатото лето беше онаа за Лука Модриќ и неговото наводно заминување од Реал Мадрид.

Интер беше упорен во намерата да го доведе, но во Мадрид не дозволија такво нешто, па најдобриот фудбалер на светот остана на „Сантијаго Бернабеу“.

Сега се појави нова надеж за „Нероазурите“ откако „Кралскиот клуб“ се уште ги нема започнато преговорите за продолжување на договорот со капитенот на Хрватска кој истекува во 2020. година, тврди „Кориере дело Спорт“.

И не само тоа – Реал преговара со Тотенхем во врска со Кристијан Ериксен кој би бил природен наследник на Модриќ, па Интер и понатаму има на што да се надева.

Тимот од Милано е блиску да го обезбеди потписот на Диего Годин и навивачите најмногу би сакале со него во тандем од Мадрид да пристигне и Хрватот.