Уринираат во шишиња, изметот го оставаат во кеси: Ужасна исповед на работник во “Амазон”

134

Компанијата “Amazon” се извинила што ги негирала тврдењата дека нивните работници во текот на работното време уринираат во шишиња, признавајќи во блог дека тоа било погрешно. Соопштиле дека тоа прашање ги мачи возачите, а не вработените во складиштата кои ги има многу ширум САД.

Првиот извештај е дека праксата за уринирање во шишиња во “Amazon” е нормална, се појавил во 2018-та година во книгата на британскиот новинар Џејмс Бладворт, кој едно време работел во складиште на “Amazon” под лажен идентитет за да истражи што се случува таму.

Како што навел тогаш, наишол на шише сокриено на полица и заклучил дека еден работник се олеснил бидејќи не смеел да оди во тоалет.

Се до ова неодамнешно извинување, “Amazon” категорично тврдел дека таквите наводи не се вистинити.

“Не е дека верувате дека луѓето навистина уринираат во шишиња? Ако е тоа вистина, никој не би работел за нас”, стоело во еден твит на компанијата. Порталот “Intercept” покажал и документи кои докажуваат дека “Amazon” одамна знае со што се соочуваат работниците и тоа упорно го негира.

Потсетуваме, кон крајот на март “Intercept” објавил дека уште во мај 2020-та година примил мејл од работници кои се жалат дека се принудени да уринираат во шише и да се олеснуваат во кеси додека вршат достава.