Туристи од Унгарија испаничиле кога збележале дека загубиле торба со пари и предмети во вредност од 80.000 евра, но ситуацијата ја спасиле жители на Лошињ кои веднаш им помогнале за да ги најдат работите.
Во понеделникот туристи од Унгарија во Мал Лошињ позајмиле брод, па додека се враќале, кога ставале гориво на бензинска станица забележале дека ја загубиле торбата со пари и предмети во вредност од 80.000 евра.

Веднаш ја известиле полицијата и сопственикот на бродот, претприемач од Мал Лошињ, Лудвиг Кури, кој брзо потоа со синот Кристијан и внукот Марин се упатил во потрага по загубените работи. Парите и вредните предмети биле во торбата, а неа ја пронашол на површината на морето токму сопственикот на изнамениот брод, Лудвиг Кури.
Кури открил дека во торбата имало кеш во вредност од 30.000 евра и часовник Ролекс во вредност од повеќе од 10 илјади евра.
Изгубените работи им ги вратил на сопствениците кои го наградиле со 6.000 евра.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













