„Ураганките“ Нова Година ќе ја дочекаат во црвени гаќички и со алкохол (ФОТО)

157

Девојките од групата “Хурикејн“, Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ деновиве пред публиката претставија две нови песни. Една домашна песна „Ајде бре“ и една странска „Set the world on fire”. Ова е континуитет на нивното снимање песни и на англиски и на српски јазик.

Облечени во бели предимензионирани костуми и со впечатливо поинаков стајлинг од порано, девојките зборуваа за Новата година, желбите, претстојните настапи, меѓу кои е и оној во Скопје, ден пред Нова Година, на 30-ти декември ( четврток) на големата претпразнична „афтерворк“ журка од 17.00 часот во локалот „Дежа Ву – Ист Гејт“.

Девојките од групата “Хурикејн“, Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ деновиве пред публиката претставија две нови песни. Една домашна песна „Ајде бре“ и една странска „Set the world on fire”. Ова е континуитет на нивното снимање песни и на англиски и на српски јазик.

Облечени во бели предимензионирани костуми и со впечатливо поинаков стајлинг од порано, девојките зборуваа за Новата година, желбите, претстојните настапи.

На прашањето дали се суеверни и дали ќе ја почитуваат традицијата за Нова Година, Ксенија Кнежевиќ одговори – делумно.

„Секогаш ги почитувам тие суеверни обичаи. Во Новата година влегувам со црвени гаќички“, низ смеа рекла Ксенија, а Ивана додала дека во Новата година влегува со црвена коса.

Посочија и дека нема да подготвуваат храна за новогодишните празници. Како што велат, не готват, зашто настапуваат, а во предвид доаѓа само алкохол.

„Ќе купам многу алкохол, тоа е тоа. Работиме за Нова Година и за нејзината патерица. Нема ништо од нашето готвење, иако сите три сакаме да јадеме“, рекле девојките низ смеа.