По денешната средба во Владата, гранковиот синдикат УПОЗ соопшти дека ја прифаќа владината формула за зголемување на платите во администрацијата и правосудството.
Зголемувањето, според изјавите по средбата, ќе се реализира во три рати од по 8% годишно (наместо 10% како синдикално барање), а исплатата треба да почне од март, со услов претходно да поминат внатрешните процедури и да се потпишат колективни договори по институции.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, изјави дека Владата го прифатила синдикалното барање „не во целост“, но како суштински исчекор го посочи прифаќањето да се исплаќаат и додатоците на плата.
„За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа сега Владата прифаќа да ги исплаќа од сега заедно со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.
Само ССм на Трендафилов остана надвор од дијалогот прифатен од КСС и УПОЗ, нелогичен чекор на штета на работниците. Од ова, раце трие саде СДСМ, една буква разлика, а можеби и нема разлика…









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












