Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

443

Шпанската полиција, наводно, спречила планиралн напад на Велигденските поворки во Севиља, зпри што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти Министерството за внатрешни работи на Шпанија.

,,Националната полиција и шпанските и мароканските разузнавачки служби спроведоа анти-терористичката операција врз основа на судска одлука која кулминираше со апсењето на еден џихадист во Мароко, за кој постојат сомнежи дека планирал напади во Севиља”, се вели во соопштението.

Полицијата го претресела неговиот дом во Севиља, град во јужна Шпанија, каде што студирал.

Интернет порталот El Confidencial, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека човекот бил во контакт со Исламска држава и дека имал намера да изврши самоубиствен напад за време на велигденските поворки, каде што планирал да се разнесе со бомба. Ниту полицијата, ниту Министерството за надворешни работи не ја коментираа оваа изјава или не дадоа подетални информации.

Весникот Ел Мундо пишува дека во мароканскиот град Казабланка на 9 април е уапсен 23-годишниот Зухаир Ел Боухдиди, студент на арапска филологија на Универзитетот во Севиља.

,,Не верувам дека мојот син планирал да изврши напад за време на Велигден. Тоа мора да е грешка. Тоа е лага”, изјави неговата мајка Раиша за Ел Мундо. ,,Сега кога има уште две години за да ги заврши студиите, да постави бомба? Кажете ја вистината, ние не сме терористи”, додаде таа.

Таа вели дека нејзиниот син бил уапсен кога заедно со неа ја посетил Казабланка, каде во болница е неговата баба. Семејство петнаесет години живее во Севиља и соседите велат дека се добро интегрирани и дека се изненадени од веста. Таткото на момчето е имам во локалната џамија.

Во Шпанија оваа недела започнаа традиционални поворки кога стотици луѓе шетаат по улиците. Министерството за внатрешни работи најави дека се зголемени анти-терористичките мерки. За десет дена, на 28 април, се одржуваат и парламентарни избори.

Последниот терористички напад во Шпанија се случи во август 2017 година кога група исламисти во каталонските градови Барселона и Камбрилс убија 16 лица.