Унгарија нема да учествува на Евровизија наредната година, бидејќи била премногу „ГЕЈ“

888

Унгарија нема да учествува на Евровизија наредната година и се шпекулира дека ваква одлука е донесена затоа што музичкото натпреварување било премногу геј за крајнодесничарската влада и за шефовите на државната телевизија.

Официјално образложение за повлекувањето не е дадено, но потегот уследи среде засилената хомофобична реторика во земјата, во која што премиерот Виктор Орбан покрена програма за поддршка на традиционални семејства и за зголемување на наталитетот.

„Место да земеме учество во Евровизија, ќе поддржиме квалитетни продукции за унгарската поп музика“, изјавија од унгарската државна телевизија МТВА за „Гардијан“.