Украла камен од древен град, а 15 години подоцна ѝ се случило нешто чудно!

1050

Туристка која пред 15 години украла делови од археолошки остатоци од древниот град Помпеја, го вратила артефактот и кажала дека тие се проколнати.

Древното наоѓалиште е едно од најпознатите италијански туристички локации, а со години туристичките организации се соочуваат со кражби.

Никол го посетила паркот во 2005 година и тогаш украла делови од керамика, а како што тврди, од тогаш таа доживеала неколку несреќи.

„Ве молам, вратете ги назад, тие носат несреќа“, напишала во писмото.

Таа вели дека украла предмети затоа што сакала да има дел од историјата која никој не можел да ја има, но дека сувенирите зрачеле со негативна енергија.

Никол во писмото додала дека ја научила лекцијата и дека сака Бог да ѝ прости за нејзиниот грев.