Украина се подготвува за војна! Порoшенко ги крева резервистите, Москва одговара: Ќе биде сè полошо додека не му поминат изборите

669

Украинскиот претседател Петро Порошенко, денеска соопштил дека воените резервисти во оваа земја ќе бидат повикани на обука во рамките на неодамна прогласената воена состојба и дека некои воени единици ќе бидат распоредени во склад со зајакнувањето на одбраната на земјата.

Истовремено, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите рекол дека тврдењата на Порошенко дека Русија планира да гради “коридор” од Донбас до Крим е апсурдна и дека тоа е уште еден обид да се зголемат тензиите меѓу двете земји.

Песков тоа го рекол во коментарот за изјавата на Порошенко дека Москва планира да “ги приграби” Маријупољ и Бердијанск.

“За жал, јасно е дека таквите обиди ќе продолжат како се ближат претседателските избори во Украина”, рекол Песков и истакнал дека Русија никогаш ништо не приграбила ниту воспостоставила било какви коридори, и дека тие тврдења се апсолутно неосновани.

Односните меѓу Украина и Русија уште повеќе се затегнати по инцидентот кој се случил на 25-ти ноември, кога Русија отворила оган и запленила три украински воени бродови, а нивниот екипаж го уапсила, под обвинение дека ги повредиле руските државни граници, по што Порошенко вовел воена состојба на 30 дена во 10 украински региони кои ги смета за најподложни на руски напад.