Другото лице на протестите во Франција: Земи сè што можеш кога е “џабе”! Демонстрантите ограбуваат обиена продавница

384

На социјалните мрежи кружи снимка од демонстрациите во Франција, на која се гледа непријатна сцена од обиена продавница од која демонстрантите изнесуваат се што можат да фатат.

Француските работници вработени во Итната помош се приклучиле на антивладините протести, додека францускиот премиер Едуард Филип се состанал со политичките ривали во обид да го намали бесот на граѓаните по насилните немири кои го погодиле Париз.

Десетина возила на Итна помош го блокирале мостот кој води до националното собрание, а припадниците на полицијата стоеле за да ги спречат да се приближат до зградата на парламентот.

Тоа бил најновиот во низата протести против владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон, кој се вратил до самитот Г20 одржан во Аргентина, вчера одржал итна седница за безбедност и владата не ја исклучила можноста за воведување на вонредна состојба.

Во саботата, повеќе од 130 лица биле повредени, а 412 биле уапсени во француската престолнина.

Полицијата одговорила со солзавец и водени топови, затворајќи десестина улици и метро станици за да одговори на протестите.

Центарот на Париз бил демолиран а Триумфалната капија е испишана со графити против Макрон.