УЈП ја блокирал сметката на Бест Веј Инвестмент

200

Телевизијата „24 Вести“ во вчерашната информација за тоа со каков имот располага поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој избега пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“, меѓудругото информира дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на Бест Веј Инвестмент.

Компанијата ја поседува постариот син на поранешниот разузнавач, а истата води кон други пет фирми, кои пак влечат нов бран на сопствеништво на нова група фирми од различни дејности-нафта, градежништво, хотели, фармација, игри на среќа.

Токму преку Бест Веј Инвестмент и Дивелоп груп, Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел Мериот.