УХМР: Временска прогноза за следните четири дена

1213

Според најновите информации од УХМР времето утре во државата ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во продолжение погледнете какво време не очекува и во деновите понатаму:

Прогноза за 14.04.2021 – Минимална температура: 4°C до 8°C. Максимална температура: 10°C до 18°C.

Умерено до значително облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
.
Прогноза за 15.04.2021 – Минимална температура: -2°C до 5°C, Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Прогноза за 16.04.2021 – Минимална температура: -4°C до 3°C, Максимална температура: 11°C до 18°C.

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.