Општина Лозово, годинава пред празниците одлучи да организира наградна игра. Како една од поглавните награди бил шпорет, а истиот го добил токму ќерката на градоначалникот на оваа општина, Ацо Велковски.
На видеото кое кружи низ социјалните мрежи, водителката на наградната игра вели: „Без лажи и преваре! Ни најмалку, ни најмногу шпортетот го доби ќерката на нашиот градоначалник Аце“.
Откако видеото стана вирално не престануваат реакциите на граѓаните, особено на твитер, а ќерката на градоначалникот изјави дека шпоретот кој го добиле фамилијарно, ќе биде дониран на фамилија на која ѝ е потребен.
Фото и Видео: Фејсбук/Пресс24.мк