Истражување кое траело 18 години: Што е клучно за успешна љубовна врска?

56

Во истражувањето учествувале речиси 1.000 луѓе постари од 17 години, а повеќе од половина од анкетираните дале потврден одговор на прашањето за тоа како готвењето влијае на нивната врска.

Дали сте знаеле дека заедничкото готвење во кујна може да ја зацврсти вашата љубовна врска?

Во истражувањето од испитаниците речиси половина одговориле за тоа како готвењето влијае на нивната врска.

Речиси сите испитаници, од нив 98 отсто мислат дека комуникацијата е важна компонента во бракот, но и дека заедничкото готвење е одличен начин за поттикнување на комуникацијата.

Дури 87 отсто од испитаниците изјавиле дека веруваат дека готвењето е една од најдобрите активности во кои што паровите можат да го зацврстат својот однос.

Паровите мислат дека готвењето за партнерот е покажување љубов.

Дури 56 отсто од мажите и жените изјавиле дека готвењето им е терапија, 30 отсто од нив изјавиле дека оброкот кој што заедно го зготвиле е подобар и од секс, а една четвртина од испитаниците признала дека умешноста во кујната им помага да го заведат својот партнер.

Сепак, доколку не сте добар готвач не грижете се затоа што тоа не значи дека вашата врска е осудена на пропаст.

Експертите објаснуваат дека за комуникацијата меѓу партнерите клуч е заедничкото готвење. Според тоа, прегрнете го зашиот партнер и почесто разговарајте со него за кујната и јадењата.