Турција во верување, фудбалер призна дека си го у*ил петгодишниот син: Никогаш не го сакав!

777

Турската јавност е шокирана откако 33 годишниот фудбалер Џевхер Токташ призна дека го убил својот петгодишен син Касим Токташ, го задушил со перница врз лицето.

Како што пренесуваат медиумите, на 23. април, Џевхер Токташ го однел својот син во локална болница, детенцето имало кашлица и висока температура. Докторите веднаш ги ставиле двајцата во карантин бидејќи се работеле за симптоми на Ковид 19. Неколку часа подоцна, момчето било префрлено на интензивна нега поради проблеми со дишењето, но докторите не можеле да му помогнат и тоа починало.

Бидејќи респираторна компликација и тешкотии во дишењето е типичен знак на коронавирус, заразата била посочена како причина за смртта. Сепак, 11 дена подоцна, Џевхер Токташ се појавил во локална полициска станица и признал дека го убил својот син.

„Ставив перница на лицето на мојот син кој лежеше на грб. Држев 15 минути а мојот син се мачеше да земе воздух, се бореше за животот. Кога престана да мрда, ја подигнав перницата и почнав да викам по лекарите да ми помогнат за да отфрлам било каков сомнеж“ – раскажал Џевхер Токташ, кој игра за нисколигашот Бурса Јилдиримспорт.

Прашан за мотивите за убиството, тој рекол: „Никогаш не го сакав мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Немам псхички проблеми, немам никакви проблеми, едноставно никогаш не го сакав“.

Џевхер Токташ веднаш бил уапсен и му се заканува доживотна затворска казна. Властите исто така наредиле телото на момчето да биде ексхумирано и да биде извршена аутопсија.