Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.
Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.
– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер.
Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.
– Убедени сме дека пристапувањето на Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.
Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










