Тренерот ме силуваше кога имав 12 години. Забременив, па абортирав пред ОИ“: Скандал го ”тресе” САД, спортистките ја обелоденија вистината

1043

Дури тројца тренери од Американскиот пливачки сојуз обвинети се за сексуално злоставување.

Шест поранешни американски пливачки поднеле тужба против Американскиот пливачки сојуз затоа што не ги заштитил од сексуално злоставување од страна на тројца тренери во текот на 80-те години на минатиот век.

Поранешните спортистки тврдат дека злоставувањето можело да се спречи и дека истото им оставило трајни последици.

Дебра Гроденски, Сузет Моран и Трејси Палмеро и уште три жени, кои што останале анонимни, овој месец поднеле три тужби против Сојузот затоа што не ги заштитил од злоставување на поранешниот тренер на американската репрезентација, Мич Ајви, поранешниот директор на репрезентацијата Еверт Учиј и поранешниот тренер Ендру Кинг.

Тие тврдат дека Сојузот знаел што се случува, но дека не сакале да реагираат и не спречиле уште околу 10 случаи на сексуално злоставување.

„Моето сексуално злоставување 100 отсто можеше да се спречи. Верувам дека мојот животен пат би бил драстично поразличен доколку Сојузот решеше некој проблем“ – изјавила Дебра Гроденски (51) која што со години пати од депресија поради сето тоа што го преживеала.

Другата спортистка исто така истакнала дека со години патела од депресија и дека сè уште има трауми кои што ќе ја следат сè дури е жива.

Таа истакнала дека Кинг ја тренирал додека имала само 12 години, а дека Ајв ја злоставувал.

На 17 години забременила, поради што неколку месеци пред Олимписките игри во 1984-та година морала да абортира.

Палмер изјавила дека Учиј ја злоставувал кога имала само 14 години, а дека останатите тренери не направиле ништо во врска со тоа, иако знаеле што се случува.

Американските медиуми пренесуваат дека Ајв во 1993-та година добил отказ откако се појавиле обвиненијата за злоставување, додека пак Кинг бил осуден на 40 години затвор поради вкупно 20 обвиненија за злоставување деца.