Татко му го злоупотребувал психички и физички, чувствувал огромен притисок како дете ѕвезда, ја изгубил најголемата љубов Мила Кунис по 9 години врска…
Меколи Калкин беше дете ѕвезда во 90-тите, а сега со појавувањето во новата реклама за Google Assistant, ја репризираше својата улога како Кевин МекКалистер во легендарниот божиќен филм „Home Alone“ (Сам дома).
38-годишниот актер минува многу време во Париз, а во текот на годините не успеа да оствари некоја друга позначајна улога.
Факти за неговиот живот:
Чудното пријателство со Мајкл Џексон
И покрај тоа што постојат сомневања за типот на однос помеѓу Меколки како дете ѕвезда и Мајкл Џексон, кој се соочуваше со обвинувања за педофилија, актерот сè уште одржува контакт со Џексон семејството, односно е пријател со ќерката на Мајкл, Парис Џексон.
Тој ѝ е кум на Парис и на најмладото дете на легендарниот пејач.
Зависник од забави
Во 1994 година Меколи се тргна од јавниот живот за да пронајде баланс и нормален живот и 9 години подоцна се врати во филмската индустрија, но за жал ниту еден од неговите проекти не стана хит.
Плус, го поврзуваа со дрога и луди забави до утринските часови, па многу режисери не го сакаа како дел од своите проекти.
Апсења поради дрога
Тој призна дека пуши џоинт понекогаш, но во 2004 година беше уапсен за поседување на неколку видови илегални супстанци.
Оттогаш во медиумите е обележан како зависник од дрога.
Семејни проблеми
Кога Калкин кажал дека е презаситен од глумата и сакал да направи пауза, татко му не се согласувал и го форсирал да продолжи.
Откако неговите родители се разведоа во 1995 година детето ѕвезда се „пензионираше“. За својот татко вели дека бил физички и психички насилен.
Песни со бизарни текстови
Беше дел од бендот Velvet Underground, на кои речиси сите текстови на песни им вклучуваа пица како тематика. Иако бизарно бендот имаше фанови, на еден настап Меколи беше исвиркан и со тоа избркан од сцената.
Откако се раздели со Мила Кунис си фати девојка што личи на неа
Малите слатки бринети изгледа му се слабост. По раскинувањето на 9-годишната врска со Кунис, Меколи бил комплетно уништен, па ова му било начин за утеха.
Мрази папараци
Тој е паметен и шеговит и навистина во текот на годините се бореше со зависноста од дрога, но ги мрази трач медиумите затоа што понекогаш јавуваат како „шмркал“ кокаин во јавен тоалет во Париз, додека тој всушност ја минал ноќта во Њујорк.
Шета навечер сам
Не му е комфорно кога е во фокусот на вниманието, а тоа се гледа и по неговиот израз на папарацо фотките.
Обожава да шета навечер, кога има мир и тишина, на страна од љубопитните погледи. Често носи очила за сонце за да не го препознаат.
Фотографија од него во домот на Мајкл Џексон
При претресот на домот на пејачот поради обвинувања за педофилија во плакарот кој бил „тајно место“ пронајдена е фотографија од Меколи.
Наводно таа била потпишана од Меколи со „Не ме оставај сам во куќата“ со фраза од филмот што го направи мега ѕвезда „Home Alone“, но многумина оваа ситуација ја протолкуваа поинаку.
Има нешто посебно во него, а тој го мрази вниманието
Неговата поранешна девојка Мила Кунис за него има изјавено: „Со него не можете да одите нормално по улица има нешто што фатално ги привлекува сите, фановите врескаат по него, не знаат како да реагираат на него“.