Трамп: Нуклеарни бомби против урагани

673

Нуклеарни бомби да се фрлаат против ураганите пред тие да ги погодат САД, предложил американскиот претседател Доналд Трамп на самитот Г7, пренесе американската интернет страница „Аксиос“.

Како што се наведува, на состанокот за ураганите, претседателот Трамп прашал дали е можно да се фрли атомска бомба кон ураганот за да се спречи тој да се формира над водата. Не е наведено кога се случила средбата.

Предлогот на Трамп не е нова работа. Првично тоа беше направено во 1950-тите години од страна на научник кој работел за претседателот Двајт Ајзенхауер.

Белата куќа не го коментираше текстот на „Аксиос“.