ВИДЕО: Ноќна мора за ПСЖ – го победи Тулуз, но ги загуби Кавани и Мбапе!

90

Екипата на Пари Сен Жермен забележа доминантна победа во француската Лига 1 и на домашен терен во дуелот со Тулуз славеше со убедливи 4-0 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Прашањето околу победникот се реши во второто полувреме, кога „светците“ експлодираа и ја покажаа својата моќ во однос на ривалот. Резервистот Чупо-Мотинг беше двоен стрелец на средбата на „Паркот на принцевите“, еднаш погоди Маркињос, а имаше и авто-гол кој го постигна Гонсавалес.

Вреди да се напомене дека во 69. минута пенал промаши Анхел Ди Марија. Победата, сепак, не го радува ПСЖ, затоа што го загуби својот главен голгетер Единсон Кавани. Уругваецот го напушти мечот во 14. минута со болна гримаса, додека се држеше за задната ложа, проблем кој веќе го имаше еднаш во минатото. Исто така, се повреди и Килијан Мбапе кој теренот го напушти во 66. минута, како и Диало, на чие место влезе Тиаго Силва во 40. минута.

ПСЖ се врати на победничките патеки во Лига 1 по поразот од Рен, а во наредното коло игра против Мец на гостински терен.