Познатиот македонски комичар Васко Тодоров за жал, уште еднаш го оправда прекарот Тошо – „Малерот“, по кој стана познат и популарен.

Имено, од силниот ветер кој завчеравечер дуваше во Скопје со брзина и од над 100 км на час и носеше се пред себе, корнејќи дрвја, покриви, уривајќи огради, ја откорнал и урнал меѓудругите и фасадата на кулата во скопската населба Козле, во која живее Тодоров. Таа се урнала врз неговиот паркиран автомобил и значително го оштетила – објави Репортер.

Инаку, зградата е дел од неколкуте висококатници лоцирани веднаш до ОУ „Владо Тасевски“, чии фасади пред неколку години беа реновирани, ама…

Очигледно Тошо не случајно го носи прекарот „Малерот“, зашто ова е уште еден во низа од серијата непријатности што му се случуваат.

Во хумористичниот серијал „К – 15“ тој ја достигна славата, но приватно баш и не му цветаа рози. Низ скопската чаршија и во кулоарите уште оддамна наголемо се зборуваше за неговото вонбрачно дете со колешката од скопско „Идризово“, уште од времето додека работеше како воспитувач во познатата казнено-поправна установа.

Паралелно со „К-15“ тој и неговите двајца компањони ги туркаа и нивната маркетинг агенција и видеопродукцијата, кои им пропаднаа, како и кафеаната која ја држеа позната под името „Тутуноберачите“, денес гостилница „Дукат“. И нивната приватна телевизика „К15 ТВ“ не се прослави и не траеше долго, па откако на крај проектот „К-15“ престана да постои, Тошо – „Малерот“ замина за Австралија.

Претходно, на големо изненадување на најблиските роднини и пријатели, па и на неговите фанови, во Матичната служба во Скопје, Васко Тодоров се венча со неговата тогашна избраничка e Марија Христова, (која беше и мајка на деветгодишна ќерка), која веќе живееше во Австралија. Наскоро заедно заминаа во земјата на кенгурите, но само по неколку години, за Тошо – „Малерот“ австралиската приказна заврши и тој во 2019 година се врати во Македонија.

Со својот стар компањон Миле Паника (Бранко Огњановски) Тошо – „Малерот“ повторно застана заедно пред ТВ камерите на снимањето за сатиричните „Фчерашни новости“.

Последниот малер на Тошо – „Малерот“ е оној, завчерашниот. За жал, штетата е голема, како и поуката: „Друг пат води сметка каде паркираш или внимавај кого бираш да ти реновира“!

Во меѓувреме, на Тошо не му преостанува ништо друго освен… да го тужи „фасадерот“!










![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













