Тој е млад, талентиран, успешен, амбициозен. Со музика се занимава од својата 15- та година, а се вика Марио Јефремовски. Во моментов пушта музика во неколку домашни дискотеки, а ние му предвидуваме светска кариера затоа што тоа го заслужува. Ве запознаваме со диџеј Марио…
Од неодамна стана дел од семејството на „ПромоСтејџ“. Со музика се занимаваш од рана возраст, од каде љубовта кон истата и кога одлучи да почнеш да работиш како диџеј?
Уште од мали нозе сум вљубен во музиката и отсекогаш сум сонувал да се занимавам со неа. ме интересираше видео продукцијата, но најмногу внимание ми привлекува сетовите на светски диџеи, бев фасциниран од нивната енергија и атмосферата која што ја прават на забавите. Тоа беше и некој пресуден момент, ако можам така да го наречам. Почнав да пуштам музика од 15 години и еве до денес, работам, се усовршувам и се надградувам во тој дел. Среќен сум што имам можност да го работам она што го сакам.
Каде се имаш настапувано и каква музика пушташ?
Прв пат настапував во летниот клуб „Привелиџ’, денешен Централ Парк, имам настапувано и во Авенија , Клуб Спејс во Куманово, и многу други клубови и дискотеки низ Македонија, бев дел од концертот на Раста во Скопје. Бев поканет да бидам како warm up на концертот на Девито и Теодора Џехверовиќ , но за жал беше откажан.
Она што е за пофалба е фактот дека си и музички школуван. Кажи ни нешто повеќе околу твоето образование?
Прво одев во нижо музичко, па средно образование каде што ја изучувавтТрубата и решив да се усовршам како музичар изведувач на Европскиот Универзитет „Europe Prima“ каде што сум запишан како редовен студент.
Освен музиката, што приватно те исполнува, како го минуваш слободното време, што те прави среќен?
Посетувам курс за музичка продукција, минувам време со семејството, пријателите. Функционирам нормално, а среќата е нешто што не се бара, доаѓа сама. Задоволен и среќен сум од она што го имам.
Кој е твојот сон, со кој познат светски артист би сакал да соработуваш?
Би сакал да наступувам надвор од Македонија, би сакал да соработувам до Мартин Гарикс, најнова соработка имам со агенцијата „ПромоСтејџ“ кои што се грижат за мојот пиар и мислам дека сум на добар пат да го остварам она што го сакам. Цврство верувам во себе и знам дека се ќе дојде. На мене е да работам вредно и напорно. .
Фото: Јордан Ѓорески