Славниот “десперадо“, иако го сменил начинот на живот после срцевиот удар, не само што ужива со новата девојка туку сними и серија во која го глуми Пикасо.
Тој би можел да биде постер за “мачо-мен“ и латино љубовник. И баш како таков го виде и Холивуд. Додека во Шпанија беше голема муза и инспирација на режисерот Педро Алмодораво за уметничките проекти, во Америка е познат како заводник, со препознатлив акцент, а режисерите се натпреварувале кој ќе му даде поексклузивна улога.
Преминот дошол во јануари, 2017-та година, кога Бандерас во текот на вежбањето во теретана, почувствувал болка во градите и веднаш во моментот бил префрлен во болница. Доживеал инфаркт, вградени му се три стента и посоветуван е да намали со работата. Меѓутоа шпанскиот актер, родум од прекрасната Малага, ја прифатил улогата во серијата „Пикасо“, во која што ќе го оживее ликот на најпознатиот светски сликар. Станал и славниот Дон Пабло од Малага. За Бандерас ова било предизвик кој го сакал и од кој се плашел целиот свој живот.
Предавање после инфарктот? Ни случајно
37 годишното снимање е причината што овој актер на 57 годиншна возраст зад себе има голем број на снимени филмови, како и ангажмани на полето на модата, парфемите, виното и хуманитарната работа. Не му паѓа на памет да застане, иако во првите моменти после срцевиот удар си помислил да престане со актерската кариера.
„Беше страшно. Го знаев тоа и претходно, но тогаш јасно пред себе видов дека постоењето на смртта е единствената сигурна работа во животот. Тогаш фатив дека доколку престанам со актерството, ќе се изедам жив. Тоа е мојот живот. Не сакам да живеам како веќе да сум мртов. Ако починам, починам“ – рекол Бандерас.
Бандерас признал дека после инфарктот многу работи во неговиот живот се смениле. Прво престанал да пуши, редовно вежба, правилно се храни и дисциплинирано ги зема лековите кои му се препишани.
„Видов дека мојот изглед се промени после срцевиот удар. Не се препознавав себеси, својот поглед и изразот на лицето. А потоа судбината ме награди, затоа што станав поопуштен, послободен, способен да ги избирарам улогите кои отсекогаш сум ги сакал и да го остварам начинот на живот во кој што уживам. Болеста нешто ни зема, но нешто и ни дава“ – изјавил Бандерас на фестивалот во Малага.
Скапи разводи и живот на село со новата девојка
Убавиот Бандерас, инфарктот го доживеал во Англија, поточно во преубавото село Кобем, во покраината на Серигда, каде што од 2015-та година живее во модерна куќа со девојката Никол Кимпел, советничка за инвестиции. Во куќа од стакло, дрво и мермер, заљубениот пар ужива во срните и лисиците кои често можат да ги забележат во нивниот двор. Со Никол се запознал во Кан во 2014-та година, а таа не сакала љубовна врска додека Антонио не биде слободе.
Веќе наредната година, Антонио се развел од холивудската дива Мелани Грифит, со која бил во брак 19 години и со која има ќерка Стела. Бандерас, великодушно ѝ го оставил станот во Њујорк на Мелани, куќата во Колорадо, 60.000 долари месечна алиментација, но и една од двете слики на Пикасо кои ги поседувал.
И покрај тоа што жена му го “одрала“, Бандерас и понатаму е богат, но и многу вреден актер. Ниту болеста не го спречува да работи во полна пареа.
„Болеста ми помогна да го сфатам генијот покрај чија куќа поминував како дете. Да не ја почувствував близината на смртта, ќе се плашев да го глумам големиот Пикасо“ – изјавил Бандерас со насмевка на лицето.