Копилотот на рускиот “Sukhoi Superjet 100”, кој се запалил во неделата на аеродромот Шереметјево, при вонредно слетување, е вистински херој во Русија.
На снимката која се појавила се гледа како храбриот копилот излегол од кокпитот на авионот во пламен, само за грчевито да се качи на скалата за итни случаи во обид да ги спаси луѓето кои биле заробени во авионот.
Името на копилотот е Максим Кузњецов, а според некои извештаи тој се обидел да го спаси капетанот Денис Евдокиов, иако таа информација не е потврдена.
Самиот Евдокимов изјавил дека вториот пилот прв го напуштил кокпитот, но не објаснил како излегол од авионот.
Руските медиуми пренеле дека Кузњецов спасил еден патник, како и важни документи за летот.
Рускиот истражен комитет во неделата потврдил дека 41 лице, вклучувајќи и две деца, загинале во пожарот кој избил на авионот “Sukhoi Superjet-100”.